Достапни линкови

Одложени мировните преговори во Украина


Проруските сепаратисти во источна Украина велат дека се одложени мировните преговори што требаше да се одржат денеска. Претставникот на сепаратистите во украинскиот регион Доњецк, Денис Пушилин, рече дека заедно со претставникот на сепаратистите во Луганск, Владислав Динего, ќе го напуштат Минск.

Од белоруското Министерство за надворешни работи, вчера беше соопштено дека во разговорите за ставање крај на непријателските дејствија, треба да бидат вклучени претставниците на Украина и Русија, претставниците на териториите завземени од сепаратистите во источна Украина и ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG