Достапни линкови

На секој четврти граѓанин му барале мито


Презентација на Регионалниот извештај за антикорупција „Проценка на корупцијата и антикорупцијата во Југоисточна Европа“.

Презентација на Регионалниот извештај за антикорупција „Проценка на корупцијата и антикорупцијата во Југоисточна Европа“.

​​Најмногу корумпирани според граѓаните се министрите, цариниците, лидерите на политички партии, локалните политички лидери и судиите.

Над 25 проценти од граѓаните се соочиле со коруптивен притисок и вклученост во корупција. Од нив над 21 отсто дале барем еден вид на поткуп, 15 проценти дале готовина, а 18 проценти дале подарок или направиле услуга на службено лице. Ова го покажуваат податоците на регионалниот извештај за корупција во Југоисточна Европа.

Овој извештај покажува дека иако има добро законодавство, спроведувањето на мерките има проблем.

Најмногу корумпирани според граѓаните се министрите, цариниците, лидерите на политички партии, локалните политички лидери и судиите. Веднаш зад нив се службениците во министерствата, даночните службеници, како и јавните обвинители и полицајците. Околу 61 процент од испитаниците не веруваат во успешноста на политиките во борбата против корупцијата.

Вршителот на должноста амбасадор на САД во Македонија Барт Патни вели дека граѓаните треба да имаат верба во властите кои треба да се справат со оваа напаст.

„Овој извештај покажува дека иако има добро законодавство, спроведувањето на мерките има проблем. Тоа што ни треба е транспарентност, интегритет, конфликт на интереси, обука за етика и работа со луѓето кои пријавуваат корупција.“

Првата е да се обезбеди делотворно судско гонење на корупцијата на високо ниво што ќе даде силен пример за сите и политиките ќе се покажат како ефективни во зајакнувањето на мерките за борба против корупцијата.

Според Патни, владата треба да ја покаже неопходната политичка волја и да помогне во борбата против корупцијата.

Раководителот за соработка во делегацијата на ЕУ, Мартин Клауке вели дека справувањето со корупцијата бара широк фронт. Според него, одговорноста не е само кај политичарите,, полицијата, антикорупционерите и други владини органи, туку и кај медиумите, невладините и граѓаните.

„Само кога сите глави социјални групи и поединци ќе кажат не на корупцијата, само тогаш ќе има вистински пробив. Ова не е важно само за владите, туку и на невладините организации, како што е проектот што денеска го промовираме. Овој проект обезбедува неопходен надворешен увид во однос на корупцијата, се идентификуваат главните проблеми, и можните решенија и стимулираат нула толеранција во однос на корупцијата во општеството.“

Даниела Минева, истражувач во Центарот за изучување на демократијата од Бугарија, која го презентираше извештајот вели дека до него произлегуваат три препораки.

„Првата е да се обезбеди делотворно судско гонење на корупцијата на високо ниво што ќе даде силен пример за сите и политиките ќе се покажат како ефективни во зајакнувањето на мерките за борба против корупцијата. Втората препорака е усвојување на независен механизам за следење на корупцијата и борбата против неа и третата препорака е поврзана од напори за фокусирање на критичните сектори, бидејќи во моментов речиси сите девет земји антикорупциските стратегии и документи се доста општи.“

Извештајот го подготви иницијативата СЕЛДИ, односно Лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа, чија членка е и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Извештајот е дел од проектот Регионална платформа за борба против корупцијата, поддржан од ЕУ и дел од програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG