Достапни линкови

Грција ризикува да биде изолирана во ЕУ


Грчката влада ризикува да биде изолирана во Европската унија поради инсистирањето да не го плаќа долгот и да се прекинат санкциите кон Русија, порача денеска германскиот министер за европски работи, Михаел Рот. Тој во изјава што се толкува како саркастична вели: „Се надевам дека Грција сака да остане во Европската Унија“.

Денеска портпаролот на германската влада, Кристијана Вирцл, изјави дека засега нема најава за средба меѓу Меркел и Ципрас. Таа ги повика новинарите да го прашаат Ципрас зошто не побарал да биде поканет во Берлин.

XS
SM
MD
LG