Достапни линкови

Русија депортираше нелегални мигранти


Руските власти соопштија дека се уапсени 34 имигранти во Санкт Петерсбург, кои нелегално работат во земјата. Од канцеларијата на Обвинителството во градот, рекоа дека работниците од Узбекистан и Таџикистан, денеска биле уапсени на градилиште.

Во официјалното соопштение се вели дека еден од мигрантите се обидел да им избега на безбедносните служби, но дека бил фатен. Судот пресуди дека уапсените мора да бидат депортирани во нивните земји и секој од нив да плати казна од 5000 рубљи.

Судот исто така пресуди дека кривично ќе бидат гонети и три градежни компании, одговорни за нелегалното вработување на работниците. Во Русија има стотици илјади луѓе од Централна Азија и од Кавказот, кои работат нелегално. Руските власти во изминативе месеци напорно работат да ги лоцираат и депортираат нелегалните мигранти.

XS
SM
MD
LG