Достапни линкови

Мугабе е нов претседател на Африканската унија


Африканските лидери го назначија претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, за нов претседател на Африканската унија, која е составена од 54 земји членки. Мугабе е лидер на Зимбабве од воспоставувањето на независноста на земјата во 1980 година, а оваа одлука беше соопштена на самитот на Африканската унија во градот Адис Абеба во Етиопија.

Претседателството на унијата ротира однаш годишно. Групите за човекови права го обвинуваат Мугабе за злоупотреби. Неговата земја се соочуваше со хиперинфлација, се до напуштањето на сопствената валута во замена за американскиот долар во 2009 година.

XS
SM
MD
LG