Достапни линкови

49 загинати во бомбашки напад во Пакистан


Пакистанските власти соопштија дека најмалку 49 лица се убиени, а повеќе од 30 повредени во бомбашки напад што се случи денеска во шиидска џамија во јужната провинција Синд.

Нападот се случил за време на петочните молитви во градот Шикарпур, 470 километри северно од Карачи. Сунидската милитантна група Јундала ја презеде одговорноста за нападот. Сунидските муслимани често напаѓаат шиидски религиозни институции, бидејќи не ги сметаат за вистински муслимани.

Во пристаништето Карачи, кој е најголемиот град во Пакистан, се одземаат стотици животи како резултат на криминални, етнички и политички убиства. Нападот е најсмртоносен во Пакистан, откако талибанските милитанти на 16 декември го нападнаа училиштето во Пешавар и убија 151 луѓе и речиси сите од нив беа деца.

XS
SM
MD
LG