Достапни линкови

Нови жртви во Украина


Киев и проруските бунтовници си разменија обвинувања во врска со смртоносните напади во источниот дел на Украина, како и несигурност во плановите за нови мировни преговори. Градската администрација во Доњецк, еден од двата сепаратистички главни градови, соопшти дека пет луѓе биле убиени откако денеска гранати го погодиле културниот центар.

Украинската војска соопшти дека 5 нејзини војници се убиени и 23 повредени во последните 24 часа. Тие рекоа дека бунтовниците користат гранати, ракети и артилерија во нападите врз владините позиции во Дебалцеве, клучната раскрсница меѓу Доњецк и Луганск во близина на Азовското море. Од април минатата година, во конфликтот во Украина загинаа повеќе од 5100 луѓе.

XS
SM
MD
LG