Достапни линкови

НАТО се подготвува за новите предизвици


Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека алијансата мора да се подготви за идните предизвици по, како што ја нарече, „црната година“ на руската интервенција во Украина и терористичките напади на улиците во Европа.

Столтенберг, кој го претстави годишниот извештај за 2014 година во Брисел, рече дека наскоро ќе ги откријат деталите за тоа кои земји ќе учествуваат во така наречената група на „сили за брза реакција“, за кои лидерите на алијансата се согласија на самитот во септември.

Тој рече дека силите ќе помогнат да се справат со „фундаменталните промени“ во безбедносната околонина, но ги повика 28-те земји членки да се задржат на своите заложби за зголемување на буџетите за одбрана. 2014 година не беше добра за безбедноста во Европа, всушност беше црна година, рече Столтенберг.

XS
SM
MD
LG