Достапни линкови

logo-print

Тинејџер со пиштол упадна во холандска телевизија


Тинејџер со лажен пиштол упадна во зградата на јавниот радиодифузен сервис на Холандија и ја прекина програмата, пред да биде совладан од полицијата.

Зградата на холандската телевизија „НОС“ во градот Хилверсум беше евакуирана откако 19 годишникот мавтал со пиштолот, за кој полицијата подоцна рече дека е лажен.

Властите рекоа дека осомничениот кој живеел во близина на градот Хаг, по инцидентот е во притвор. Полицијата рече дека немал врски со терористички организации.

Телевизијата емитуваше кратко видео од инцидентот, во кое се гледа како тинејџерот облечен во темен костум и вратоврска, вели дека претставува хакерска група и дека сака да зборува за работи кои се од светско значење.

XS
SM
MD
LG