Достапни линкови

Властите во Кригистан ќе затвораат медиуми без судска одлука


Министерството за правда на Киргистан започна процес за измена и дополнување на законот за медиуми, што ќе му овозможи на министерството да затвора медиуми без судска одлука.

Портапоролот на Министерството за правда, Емир Зулпуев, за Радио Слободна Европа изјави дека со предложените амандмани министерството ќе може да затвора медиуми во случај на смрт на нивните сопственици, нивно исчезнување или во отсуство на наследници.

Зулпуев додаде дека медиумите исто така може да бидат затворени доколку компанијата на споственикот е законски ликвидирана или доколку сопственичкиот статус на компанијата е поништен. Според законот, вели Зулпуев, Министерството за култура информации и туризам може да поднесе тужба против медиум врз основа на јавни поплаки.

Исто така амандманите ги обврзуваат медиумите да го информираат Министерството за правда во случај на промена на уредниците. Медиумските експерти од Киргистан стравуваат дека предложениот закон може да се користи за казнување на независни и опозициски медиуми во земјата.

XS
SM
MD
LG