Достапни линкови

Грабеж во државната банка на Грузија


Вооружено лице во Тбилиси ограболо филијала на државната Банка на Грузија, најголемата банка во поранешната советска република. Портпаролката на банката, Софија Балавадзе, за новинарите изјави дека маскиран човек со пиштол влегол во сервисниот центар за клиенти во главниот град.

Напаѓачот избегал со некоја сума на пари, но Балавадзе рече дека не е голема, бидејќи персоналот за безбедност брзо реагирал на упадот, со што го поттикнале напаѓачот да побегне. Областа околу банката беше опколена од полицијата.

XS
SM
MD
LG