Достапни линкови

Македонија треба да им плати на ОН милион долари


Средба на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, Њујорк, САД.

Средба на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, Њујорк, САД.

Македонија е тргната од листата држави на кои им беа суспендирани нивните гласачки права на Генералното собрание, потврди портпаролот на Бан Ки-мун за Радио Слободна Европа. Притоа испрати табела со податоци за тоа колку вкупно земјата треба да плати.

Обединетите нации примиле 24.606 долари од Македонија кои земјава ги должеше како минимум за да и се деблокира правото на глас на Генералното собрание, потврди за Радио Слободна Европа Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на светскатата организација Бан Ки-мун.

Од денеска (29 јануари) земјата е тргната од листата држави на кои им беа суспендирани нивните гласачки права на Генералното собрание.

„Од денеска (29 јануари) земјата е тргната од листата држави на кои им беа суспендирани нивните гласачки права на Генералното собрание“, потврди портпаролот Дујариќ.

Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Во таква ситуација на одземено гласање Македонија се наоѓаше од 12 месецов, кога според документот објавен на интернет-страницата на Обединетите нации, генералниот секретар на ОН преку писмо упатено до претседателот на Генералното собрание наведува тринаесет земји кои не платиле членарина и поради тоа на дел од нив им се суспендира правото на глас.

Македонското министерство за надворешни работи во средата соопшти дека неопходниот износ е подмирен и дека Република Македонија не го изгубила правото на глас во Генералното собрание на ОН.

Во писмото на Бан Ки-мун покрај Македонија, во листата беа наведени Коморските Острови, Гренада, Гвинеја Бисао, Киргистан, Либерија, Маршалските Острови, Руанда, Сао Томе и Принципе, Сомалија, Тонго, Вануату и Јемен.

Инаку на прашањето колку е вкупниот долг за сите придонеси на Република Македонија во Обединетите нации во моментов бидејќи сумата од 24.606 е минимумот, Дујариќ испрати табела. Во неа во графата вкупни придонеси што треба да се платат се наведува сумата 1.007.672 американски долари.

Во делот именуван како регуларен буџет пишува дека Македонија треба да плати 601.998 американски долари, за мировните операции на организацијата 344.448 американски долари и за меѓународните трибунали 61.186 американски долари, збир кој ја дава вкупната сума од над милион долари. Упатени во дипломатските односи коментираат дека оваа сума е превисока за земја како Македонија и оти најверојатно се работи за долг неподмирен со години.

Од македонското министерство за надворешни работи не коментираат за вкупниот долг на земјава кон Обединитети нации.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG