Достапни линкови

Субвенциите за земјоделците не даваат резултати


Потенцијал има, субвенции се издвојуват, но на крај Македонија дава милиони евра за увоз на земјоделски производи. Упатените велат дека се потребни нови технологии за производство и современо наводнување за да се зголемат приносите.

И покрај големиот потенцијал да произведува основни прехрамбени производи и издвојувањето пари за субвенции Македонија троши 11,3 милиони евра годишно за увоз на пченка. Површините насадени со оваа култура се доволни да ги покријат домашните потреби доколку просечните приноси се зголемат, но отсуствуваат нови технологии на производство и тоа со современи решенија на наводнување, вели Тоде Лазаревски кој се занимава со производство на житни култури.

Пченката е производ што бара наводнување со исклучок ако се погоди некоја година да биде добро врнежлива, потоа кога ќе се ожнее пченката бара да има сушара за да се суши пченката, таа инвестиција е многу скапа, тоа се едни од главните проблеми заради кои пченка не се произведува, туку се увезува.

„Пченката е производ што бара наводнување со исклучок ако се погоди некоја година да биде добро врнежлива, потоа кога ќе се ожнее пченката бара да има сушара за да се суши пченката, таа инвестиција е многу скапа, тоа се едни од главните проблеми заради кои пченка не се произведува, туку се увезува.“

Главната загриженост е што паѓа откупната цена на житните култури. Луѓето се разочарани кога гледаат дека немаат гаранција тоа што ќе го произведат дека некој ќе им го купи по прифатлива цена. Ретко кој го цени домашното производство, вели Лазаревски.

„Владата да стави рака, да воведе мерки за забрана на увезување, не можеме ние да си конкурираме со Бугарија и со Србија, тие имаат по 10 тони по хектар, ние имаме 2,5 тона по хектар, ние не можеме по нивната цена да ја продаваме пченицата, мора да се воведат мерки, нашето да се откупи, па потоа да се увезува.“

Немаме ние сериозен откуп. Неколку фирми се занимаваат со откуп и тие имаат некој монопол и ги уценуваат земјоделците. Јас знам дека кога ќе дојде време да го продадат јачменот или пченка да понудат, нудат ниска цена.

Експертите посочуваат дека имаме силна конкуренција од опкружувањето од Србија. Тие имаа големи насадени површини и билансите на производство се поголеми од потребите на нивната земја па извезуваат по значително пониски цени, вели професор Илија Каров.

„Немаме ние сериозен откуп. Неколку фирми се занимаваат со откуп и тие имаат некој монопол и ги уценуваат земјоделците. Јас знам дека кога ќе дојде време да го продадат јачменот или пченка да понудат, нудат ниска цена.“

Околу 50 проценти од вкупните домашни потреби за добиточна храна се покриваат од увоз, од кои 35 отсто отпаѓаат на пченката која што учествува со најголем процент во храната за добитокот.

Зголемување на домашното производство на пченка може да се постигне со употреба на нови технологии и примената на современи земјоделски практики, укажува професор Илија Каров, но оценува дека тоа не е доволно, бидејки Македонија како подрачје каде успева пченката е лимитирна бидејки насади не се можни во посушните и повисоките региони.

„Сега и со проектот што се стимулира производството на пченка со системот капка по капка, ќе се зголеми во извесна мера процентот, но сепак не е доволно, мора да се води сметка и житните култури, бидејќи и тоа ни е есенцијална потреба од производството на лебно жито.“

Според него подолго време ќе бидеме зависни од увоз на пченка, но реални услови да се произведува повеќе има за пченицата со цел Македонија да не биде зависна од увоз.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG