Достапни линкови

logo-print

Казна за Џон Кери, не го исчистил снегот пред домот


Американскиот државен секретар Џон Кери е казнет со 50 долари бидејќи не го исчистил снегот пред неговиот дом во Бостон. Кери беше во Саудиска Арабија со претседателот Барак Обама кога Бостон бил зафатен со снежното невреме. Претставник на американската администрација соопшти дека Кери ќе ја плател казната. Градските власти соопштија дека полицаецот кој го оставил листот со казната не знаел дека станува збор за домот на Џон Кери.

XS
SM
MD
LG