Достапни линкови

Грузија: можна руска анексија на Јужна Осетија


Шефицата на грузиската дипломатија Тамар Берухашвили

Шефицата на грузиската дипломатија Тамар Берухашвили

Шефицата на грузиската дипломатија Тамар Берухашвили предупреди дека Русија би можело да го анектира сепаратистичкиот грузиски регион Јужна Осетија, исто како што тоа го стори со украинскиот полуостров Крим. Во интервју за Радио Слободна Европа таа прецизира дека веќе имало сигнали оти следниот потег на Москва би можело да биде истото сценарио и за Јужна Осетија, односно одржување референдум кој би покажал дека тамошното население сака да и се приклучи на Русија. Берухашвили додаде дека во грузиските региони Јужна Осетија и Абхазија имало над 11 илјади руски војници.

XS
SM
MD
LG