Достапни линкови

ЕУ го заострува санкциите врз Русија


Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Европската унија реши да ги прошири санкциите врз Русија и проруските бунтовници поради продолжувањето на борбите во источна Украина. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по министерскиот состанок во Брисел изјави дека санкциите наместо до март, ќе бидат продолжени за уште шест месеци. Одлуката ја донесоа сите 28 земји членки на Унијата, вклучувајќи ја и Грција која претходно се противеше. Министрите за надворешни работи се согласија до 9 февруари да се подготви список на нови личности врз кои ќе бидат воведени санкции.

XS
SM
MD
LG