Достапни линкови

Грција да не ги спречува санкциите врз Русија


Претседателот на Надворешно – политичкиот одбор на германскиот парламент, Норберт Ретген, го предупреди новиот грчки премиер, Алексис Ципрас, да не го користи правото на вето на проширувањето на санкциите против Русија како „монета за поткусурување“, во преговорите за програмата за извлекување на Грција од финансиските криза.

Тој рече дека каков било обид за поврзување на овие две политички полиња мора да биде запрен пред да почне. Ципрас по победата на изборите ги загрижи европските партнери, критикувајќи го соопштението на Европската унија во кое Москва се предупредува со нови санкции, поради улогата во украинската криза.

XS
SM
MD
LG