Достапни линкови

logo-print

„Шел“ сака да продолжи да дупчи на Арктикот


Компанијата „Шел“ од кралството Холандија соопшти дека сака да ја обнови својата програма за дупчење за нафта на Арктикот, по речиси двегодишната суспензија. Извршниот директор на Шел, Бен ван Берден денеска од Лондон изјави дека неговата компанија ќе продолжи со дупчење на Арктикот, доколку тоа и биде дозволено.

Од холандско – британската компанија „Шел“ рекоа дека имаат намера ова лето да ја рестартираат кампањата на Арктикот во морето Чукчи во делот на Аљаска, а тоа право компанијата треба да го добие од Одделот за внатрешни работи на САД.

XS
SM
MD
LG