Достапни линкови

logo-print

Адеми: Наставниците што штрајкуваат нема да добијат цела плата


Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, од Собранието денеска изјави дека Синдикаот за образование наука и култура (СОНК) не ги информирал наставниците, родителите и учениците за нивните права за време на штрајк и дека за овој период тие нема да добијат цела плата од страна на Министерството односно од општините.

Тој додаде дека членовите на синдикатот и учениците не се добро информирани и се злоупотребени и во случаајот со екстерното тестирање, бидејќи на учениците не им е дозволено да полагаат, а поради тоа ќе има последици за самите ученици и за нивните семејства, рече Адеми.

XS
SM
MD
LG