Достапни линкови

Нови протести во Ерменија против законот за оданочување


Стотици сопственици на мали и средни претпријатија протестираа во ерменскиот град Ереван, против новиот закон за оданочување. Демонстрантите се собраа пред седиштето на владата, барајќи средба со премиерот Ховик Абрахамјан.

Производителите велат дека новиот закон кој треба да сѕтапи на сила на 1 февруари ќе предизвика зголемување на цените и намалување на нивниот профит.

Тие се противат на одредбата на законот сите мали и средни претпријатија кои остваруваат годишен профит над 122 илјади долари, да полнуваат формулари во кои ќе биде прикажана продадената количина.

Откако Абрахамјан не се сретна со нив, тие маршираа кон претседателската палата, но полицијата не им дозволи да се приближат до зградата. Демонстрантите рекоа дека нема да ги плаќаат даноците и дека ќе започнат масовно да протестираат доколку не бидат исполнети нивните барања.

XS
SM
MD
LG