Достапни линкови

Крнинова-Груев со Уметноста на убавото во Ликовен салон - Велес


Александра Крнинова Груев, ликовна уметница, дизајнерка и костимографка.

Александра Крнинова Груев, ликовна уметница, дизајнерка и костимографка.

Во Ликовниот салон во Велес, од денеска до 12 февруари годинава, се одржува првата самостојна изложба на илустрации и креации на моден дизајн на ликовната уметница, дизајнерка и костимографка Александра Крнинова Груев. Станува збор за модерна постановка на дела кои визуелно комуницираат во една хармонична естетска сторија и чиј основен концепт за изразување е линијата.

Уметницата, дизајнерка и костимографка Александра Крнинова Груев, на својата прва самостојна изложба, што од 29 јануари се одржува во Ликовниот салон во Велес, претставува 28 илустрации и 10 креации на модели. Говорејќи за актуелниот концепт на проектот, таа забележува дека е поразличен од сето она што досега го работела и дека притоа како еден основен елемент за изразување во уметноста се јавува линијата.

За овој моден концепт создадов жива скулптура, неколку девојки, кои се облечени во остварените креации. И токму овие фустани се инспирирани од кодексот на облекување – црна вратоврска, па сè како полу-формална облека за вечерни или други социјални настани.

Вели дека оваа важна карактеристика е дводимензионален и рамен облик во тридимензионална форма. Со примена на овој основен елемент, во комбинација со права, куса и долга линија, Крнинова-Груев создала серија модни илустрации од кои дел од нив во понатамошниот творечки процес ги издигнала до носливи креации.

Tеатарски костуми изработени од Александра Крнинова Груев.

Tеатарски костуми изработени од Александра Крнинова Груев.

„За овој моден концепт создадов жива скулптура, неколку девојки, кои се облечени во остварените креации. И токму овие фустани се инспирирани од кодексот на облекување – црна вратоврска, па сè како полу-формална облека за вечерни или други социјални настани“, ќе рече авторката.

Нема да претераме ако кажеме дека станува збор за мултимедијално авторско дело, мала експериментална сцена и визија и нов активен творечки однос во истражувањето на уметноста на убавото.

Елица Николова, директорка на Народниот музеј од Велес и кураторка на изложбата, пак, истакнува дека Александра Крнинова Груев со својата интуиција, импулс и моќна имагинација за изработка на планираниот модел изработува скица на моделот, каде всушност и започнува уметничкиот чин. Вели дека модните записи се креации каде во творечкиот миг на создавање на делото, комуницираат визуелно во една хармонична естетика.

Tеатарски костуми изработени од Александра Крнинова Груев.

Tеатарски костуми изработени од Александра Крнинова Груев.

Концептуалистичкиот пристап од аспект на ликовната перцепција, Александра го постигнува со играта на светло и темно и создавањето на ритмичност со постојано повторување на истите бои, црна и бела, проткаени со значење на внатрешните нејзини лични емоционални состојби.

Секогаш се трудам со моите костими на вистинскиот начин да ја доловам интимната сторија на секој поединечен карактер. Секој костим за мене е посебна ликовна приказна.

„Нема да претераме ако кажеме дека станува збор за мултимедијално авторско дело, мала експериментална сцена и визија и нов активен творечки однос во истражувањето на уметноста на убавото“, заклучува Николова.

Родена во Велес, Александра Крнинова дипломирала моден дизајн на Универзитетот за ликовна култура во Колумбус, Охајо, во класата на Сузан Котон како една од подобрите во генерацијата.

Во 2008 година добила можност со свои креации да ја затвори годишната ревија, а нејзините модели останале да ја красат колекцијата на Универзитетот. Инспирацијата за нејзиното прво претставување била поп-рок музиката од 1990-тите години и ѕвездите како Мадона и Гвен Стефани. Веднаш потоа се обидела и успеала да стори пробив на њујоршката алтернативна сцена, а во еден период соработувала и со познатиот арт-директор и диџеј Ајрон Кинт.

Свои дела изложувала на неколку групни постановки, а по враќањето во Македонија работи како костимограф на различни проекти во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, Народниот театар во Штип и Охридскиот театар.

„Имам работено на неколку претстави. На „Тартиф“ од Молиер што ја режираше Никола Ристов, „Крал Лир“ што ја потпиша Звезда Ангеловска, „Ноќите во бел сатен“ од Ненад Витанов и секогаш се трудам со моите костими на вистинскиот начин да ја доловам интимната сторија на секој поединечен карактер. Секој костим за мене е посебна ликовна приказна“, вели таа.

Крнинова Груев е автор и на мурали. Има потпишано неколку такви дела во Охајо, во САД и уште толку на ѕидовите на детските градинки во родниот град.

„Кога ги работам детските мурали идејата ми е на сликовит начин да проговорам за радоста на тоа доба од живеењето. Кога го работев оној во градинката „Димче Мирчев“, еден моќен емотивен топол надворешен свет во внатрешноста на објектот, и затоа ѕидовите ги обоив со весели и разиграни бои“, вели Крнинова-Груев.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG