Достапни линкови

Казахстанка затворена за пропагирање тероризам


Жена од градот Актау во западен Казахстан е осудена на четири години затвор за пропагирање исламски тероризам преку интернет. Обвинителот од Актау, Талгат Алибаев за новинарите изјави дека жената на која идентитет не и беше откриен, била денеска осудена.

Власите соопштија дека 28 годишната жена дејствувала самостојно. Тие велат дека таа продуцирала аудио материјали преку кои се оправдуваат активностите на џихадистите во Сирија и дека го ширела електронски преку интернет.

Казахстанските власти соопштија дека минатата година околу 300 Казахстанци заминале да се борат со џихадистите во Сирија против владините трупи. Во последните години, се случија неколку безбедносни операции во Казахстан, каде беа таргетирани лица кои се обвинети за исламски екстремизам.

XS
SM
MD
LG