Достапни линкови

Лукашенко изрази страв од проширување на војната


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, вели дека Москва е длабоко инволвирана во украинската криза и изрази страв дека војната може да се прошири во Белорусија и Русија.

Говорејќи на годишната конференција која се одржи денеска, Лукашенко сугерираше Русија да има специјална одговорност да го запре конфликтот меѓу проруските сепаратисти и владините сили во Украина.

„Мојата единствена желба е Европа, САД, Русија, која е вклучена во овој конфликт на екстремно ниво и Белорусија каде постои можност конфликтот да се прошири на нејзината територија, да сторат се за да ја запрат војната, рече Лукашенко. Тој исто така изјави дека никогаш нема да се бори со Западот за да ја задоволи Русија.

Белорусија и Русија имаат блиски воени односи и се партнери во неколку групи. Руската анексијата на Крим и поддршката на сепаратистите во Украина, ги вознемири нејзините соседи.

XS
SM
MD
LG