Достапни линкови

Сеп Блатер се приклучи во трката за претседател на ФИФА


Сеп Блатер официјално ја поднесе својата кандидатура за пети мандат за претседател на Светската фудбалска федерација, ФИФА. „Ја поднесов мојата кандидатура, изјави денеска Блатер на социјалната мрежаТвитер. Рокот за поднесување на кандидатурите истекува денеска на полноќ.

Во трката со Блатер ќе учестуваат уште петмина кандидати, меѓу кои поранешната ѕвезда на Португалија, Луис Фиго, Холанѓанецот Михаел ван Праг, јорданскиот принц Али бин Ал – Хусеин, поранешниот француски интернационалец, Давид Жинола и Жером Шампањ, француски поранешен извршен директор на ФИФА.

Блатер е претседател на ФИФА од 1998 година и за прв пат имаше противкандидати во 2002 година, а во 2007 и 2011 година беше единствен кандидат.

Блатер се соочува со критики дека под неговото водство ФИФА е соочена со сомневања и обвинувања за корупција и непотизам. Неодамна Фифа беше обвинета за корупција околу победите на Русија и Катар да ги организираат светските првенства во 2018 и 2022 година.

XS
SM
MD
LG