Достапни линкови

Демонстранти во Ерменија ќе одговараат кривично


Шефот на полицијата на Ерменија, Владимир Гаспаријан, вели дека демонстрантите обвинети за кршење на јавниот ред и мир за време на протестите за убиеното семејство во близина на руска воена база во Јужен Кавказ, ќе бидат кривично гонети.

Соопштението е спротивно од ветувањето на пратениците дека демонстрантите нема да бидат кривично гонети. Шефот на полицијата, Владимир Гаспаријан, пред новинарите во Јереван изјави дека вчера демонстрантите боиле повикани во полиција и биле испрашувани за да се најдат организаторите на протестите.

На 15 јануари, илјадници демонстранти бараа рускиот војник кои ги убил членовите на семејството во близина на на руската база во североисточниот град Ѓумри, да биде приведен и предаден на ерменскиот суд. Протестот во Ѓумри заврши со насилства. Пратениците од владеачката партија на 15 јануари ги повикаа демонстрантите да ги запрат протестите и ветија дека нема да бидат кривично гонети.

XS
SM
MD
LG