Достапни линкови

logo-print

Нови жртви во конфликтот во Украина


Украинските власти соопштија дека во последните 24 часа петмина нејзини војници се убиени, а 29 се ранети во борбите со проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Портпаролот на армијата, Андриј Лушенко, рече дека денеска сепаратистите со гранати и ракети нападнале владини позиции во повеќе од 100 одделни напади.

Последните жртви се поврзани со тврдењата на сепаратистите дека речиси ги опколиле владините сили во стратешкиот град Дебалцеве, кој се наоѓа на раскрсница помеѓу провинциите Доњецк и Луганск што ги контролираат сепаратистите.

Министрите за надворешни работи на Европската унија на денешната средба рзговараа дали да се продолжат сегашните санкции кон Русија поради акциите во Украина и дали да одобрат нови казнени мерки.

Дипломати за Радио Слободна Европа изјавија дека грчките приговори го блокирале консензусот на вчерашниот подготвителен состанок. Амбасадорите денеска повторно се состанаа, пред средбата на министрите за надворешни работи, за да се обидат да постигнат договор.

XS
SM
MD
LG