Достапни линкови

Раул Кастро со барања до САД


Кубанскиот претседател, Раул Кастро, побара од САД да ја вратат базата во заливот Гвантанамо, да го укинат децениското трговско емнарго кон Куба и да ја отстранат Хавана од листата на држави кои спонзорираат теротизам, пред да бидат нормализиррани односите меѓу двете земји.

Не регионалниот самит во Коста Рика, Кастро изјави дека Куба и САД работат на воспоставување на целосни дипломатски односи, но „доколку овие проблеми не бидат решени, политичкото зближување не би имало никаква смисла“, рече тој.

Кастро ги соопшти овие барања една недела откако во Хавана пристигна највисока американска делегација во последните 35 години, која одржа значајни разговори со кубанските власти за повторно отворање на амбасади во двете земји и за обновување на врските кои беа прекинати во 1961 година.

Раул Кастро и американскиот претседател Барак Обама на 17 декември истовремено објавија дека имаат намера да ги нормализираат односите. Минатата недела Обама го повика Конгресот да го прекине ембаргото, кое беше наметнато во 1962 година.

XS
SM
MD
LG