Достапни линкови

Фејсбук со зголемен профит


Фејсбук објави дека профитот на оваа компанија во последните три месеци лани пораснал на над 700 милиони долари, 34 насто повеќе од истиот период во 2013 година. Приходите од рекламите пораснале за 53 проценти и сега изнесуваат 3 милијарди и 600 милиони долари. Фејсбук сега има милијарда и 390 милиони активни корисници месечно, 13 насто повеќе од претходната година. Деновиве технолошкиот гигант Епл соопшти дека профитот на оваа компанија во последниот квартал достигнал рекорди 18 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG