Достапни линкови

Бунтовниците во Украина напредуваат


Дебалцеве

Дебалцеве

Проруските бунтовници во источна Украина соопштија дека ги опколиле владините сили во стратегиски важниот град Дебалцеве. Тоа го потврди и портпаролот на украинската армија Андреј Лисенко, додавајќи дека украинските сили биле нападнати со ракети од типот Град. Во Киев пак некои официјални претставници демантираа дека владините сили во тој град биле подготвени да им се предадат на проруските бунтовници. Дебалцеве е една од неколкуте точки каде што се разгореа борбите во источна Украина од почетокот на овој месец.

XS
SM
MD
LG