Достапни линкови

logo-print

Обама: САД ќе соработуваат со новата грчка влада


Алексис Ципрас

Алексис Ципрас

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави тесно ќе соработуваат со новата грчка влада и ќе и помогнат на Грција за постигнување долгорочен просперитет. Обама телефонски разговарал со новиот грчки премиер Алексис Ципрас за да му честита запобедата на предвремените парламентарни избори. Новата влада вети отфрлање на строгите мерки за штедење, намалување на високите даноци и нови преговори со меѓународните кредитори. Белата куќа соопшти дека Обама и Ципрас разговарале за безбедноста во Европа и за соработката во контратероризмот.

XS
SM
MD
LG