Достапни линкови

logo-print

Странските инвеститори бараат стабилност


Илустрација.

Илустрација.

Неодамна претставник на Советот на странски инвеститори изјави дека бараат процесот на менување закони да биде попредвидлив и компаниите да може да даваат мислење околу новите законски решенија.

Помал потенцијал за корупција, помалку законски измени, стручна квалификувана работна сила, поефикасна администрација и олеснување на административни постапки, особено околу издавањето на работна дозвола за странци. Ова се забелешките на Советот на странските инвеститори, кои бараат од Владата пред да ги менува законите да побара мислење од домашните и странски инвеститори.

Честата промена на законите или на условите за работа секогаш внесува несигурност кај инвеститорите и ги води кон апстиненција од инвестирање.

Неодамна претставник на Советот на странски инвеститори изјави дека бараат процесот да биде попредвидлив, со што компаниите ќе може да даваат мислење околу новите законски решенија.

Илустрација.

Илустрација.

Професор Зоран Ивановски вели дека честите и брзи промени на законите ја прават несигурна деловната клима.

„Она што го привлекува бизнисот е стабилност и сигурност на законите и бизнис климата, условите за работа во која работат компаниите. Честата промена на законите или на условите за работа секогаш внесува несигурност кај инвеститорите и ги води кон апстиненција од инвестирање“, вели Ивановски.

Не сме среќни кога мора да се прават измени, тоа не е забава за владата, туку правење систем кој е порамноправен, понапреден и подобар за сите, а не само за некоја група.

Вицепремиерот Владимир Пешевски вели дека дел од забелешките на инвеститорите се веќе спроведени и тврди дека честите измени во легислативата се прават поради потребата за усогласување со европскотозаконодавство.

„Не сме среќни кога мора да се прават измени, тоа не е забава за владата, туку правење систем кој е порамноправен, понапреден и подобар за сите, а не само за некоја група“, вели Пешевски.

Директорот на Стопанската комора на Германија во Македонија Мартин Кнап минатата година сликовито предупреди дека капиталот е како срна, на првиот шум знае да избега, па затоа е потребно да се изградат стабилни деловни врски и да се зголеми дисциплината во плаќањето.

Поранешниот гувернер на Народна банка, Петар Гошев, вели дека за привлекување на странски инвестиции не е доволно само да се понудат подобри услови од другите за отворање на бизнис во земјава.

„Меѓународната заедница постојано е информирана дека демократијата, судскиот систем се проблематични во Македонија. Информациите за корупцијата исто така се многу важни и тие влијаат, континуирано се случуваат коруптивни дејствија и тоа не е никаква тајна за корумпираноста на власите во Македонија, значи сите тие фактори влијаат на одлуката дали некој ќе дојде да инвестира или не“, вели Гошев.

Во првите 10 месеци од мината година вкупното салдо на странски инвестиции изнесува 197 милиони евра или 13,6 милиони помалку од истиот период во 2013. Македонија според приливот на странски инвестиции е на дното во регионот во изминатата деценија. Податоците на Светската банка покажуваат дека од земјите во регионот, Македонија во изминатата деценија остварувала подобри резултати само од Босна и Херцеговина.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG