Достапни линкови

Грција незадоволна од санкциите на ЕУ кон Русија


Владата на Грција не се согласува со санкциите на Европската унија кон Русија, за кои како што велат, нанесуваат удар врз целата грчка економија. Ова денеска го изјави првиот заменик министер за надворешни работи одговорен за европски прашања, Никос Хундис.

Тој истакна дека тие не се согласни со духот на овие санкции, кои имаат негативни последици не само за грчкото земјоделство, туку и за целата економија на земјата, рече Хундис.

Новата грчка влада на премиерот Алексис Ципрас, вчера изрази незадоволство дека ЕУ ги занемарила противењата на Атина при подготовката на декларацијата на ЕУ за Русија, во која ЕУ и се заканува на Москва поради ескалцијата на конфликтот во Источна Украина.

XS
SM
MD
LG