Достапни линкови

logo-print

Грчките акции продолжуваат да паѓаат


Загубите на грчките акции се проширија паѓајќи за 8,5 отсто по формирањето на новата грчка влада, која е против мерките за штедење и која повика на повторни и фер преговори за долгот на земјта што изнесува повеќе милијарди.

Премиерот Алексис Ципрас денеска соопшти дека Грција нема да отстапи од своите долгови и оти ќе преговара со кредиторите за договорот за финансиската помош од 270 милијарди евра.

Ципрас, обраќајки се на првиот состанок на неговиот кабинет по победата на 25 јануари, рече дека Грција ќе бара фер и взаемно прифатливо решение со партнерите од Европската унија за да биде возможно менаџирањето на големиот долг.

По изјавата на Ципрас, грчките финансиски пазари паднаа за 716 поени, еден час пред крајот на тргувањето, кое заврши со 783 поени или скоро 3,7 проценти пониско во однос на вчерашниот ден.

XS
SM
MD
LG