Достапни линкови

Повредени војници во граничниот судир помеѓу Израел и Либан


Голанската висорамнина

Голанската висорамнина

Израел соопшти дека четири негови војници се повредени во напад на воена патрола во спорната област помеѓу Израел и Либан. Израелската армија денеска возвради со десетици гранати кон јужниот дел на Либан.

Во меѓувреме, мировните сили на Обединетите нации во јужен Либан изјавија дека еден од нивните членови е убиен. Израелската армија соопшти дека војниците биле повредени кога нивното воено возило било погодено од проектил во областа Шиба.

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека го извршила нападот. Кратко по нападот, гранати погодија израелски воени позиции во окупираната Голанска висорамнина. Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел „ќе возврати енергично кон оние што се обидуваат да не предизвикаат“.

Инцидентите се случија неколку часа откако Израел изврши воздушен напад во Сирија. Тензиите во пограничниот регион ескалираа во текот на изминатите 10 дена, откако во израелскиот напад на Сирија беа убиени милитанти на Хезболах и ирански генерал.

XS
SM
MD
LG