Достапни линкови

logo-print

Иванов: Аушвиц не потсетува на најстрашните злосторства во историјата


Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, по вчерашното одбележување на 70 годишнината од ослободувањето на концентрацискиот логор Аушвиц, изјави дека комеморацијата е момент на потсетување на едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото и потсетување до што се може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на разликите меѓу луѓето.

Иванов на настанот присуствуваше со повеќе лидери од Европа, САД и Канада. Неговиот кабинет соопшти дека светските лидери пројавиле интерес за состојбите во нашиот регион, и дека во разговорите многумина од нив покажале дека не се запознаени со она низ што се минале Евреите од Македонија, односно како во еден сличен логор на смртта од фашистичка Германија исчезнала речиси севкупната еврејска заедница од Македонија.

Иванов изјави дека со лидерите разговарарале за состојбите во регионот и во Европа и за се она што се случува денес. За сите стравови, предрасуди и нетрпеливости кои се појавуваат:

„Мораме да бидеме свесни кон што тоа води. Овој настан, оваа комеморација е можност да се потсетиме дека секоја ваква појава мора да се спречи“, изјавил претседателот Иванов.

XS
SM
MD
LG