Достапни линкови

Јордан подготвен да ја ослободи милитантката на ИД


Јапонскиот новинар Кенџи Гото

Јапонскиот новинар Кенџи Гото

Портпаролот на владата на Јордан денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ја ослободи жената бомбаш самоубиец од Ирак доколку биде ослободен јорданскиот пилот од страна на милитантите од Исламската држава.

Портпаролот Мухамед ал - Момани беше цитиран на државната телевизија како вели дека „Јордан е подготвен да ја ослободи затвореничката Сајида ал Ришави, доколку јорданскиот пилот Муат ал – Касаебе биде ослободен.

Тој не повика да биде ослободен јапонскиот новинар Кеџи Гото. Во видео снимката која вчера беше објавена на интернет се вел дека Гото ќе биде убиен доколку Јордан не ја ослободи Сајида ал Ришави од смртната казна. Исто така во снимката е наведено дека Касаебе има пократко време од Гото.

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, за снимката рече дека е одвратна. Минатата недела милитантите од Исламската држава тврдеа дека убиле друг јапонски заложник и рекоа дека Гото ќе биде следен, доколку Ришави не биде ослободена.

XS
SM
MD
LG