Достапни линкови

logo-print

Лавров: Украина да остане надвор од НАТО


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, одново предупреди Украина да остане надвор од НАТО. Во статија за српски весник која денес е објавена на веб страницата на руското Министерство за надворешни работи, Лавров вели дека „од суштинско значење е Украина да го задржи својот неутрален статус, за да се спречат натамошните поделби во земјата“.

Минатиот месец Украина го укина законот со кој беше прогласена нејзината неутралност и кој ја спречуваше да се приклучи кон било која воена алијанса. Законот беше донесен во 2010 година за време на владеењето на претседателот Виктор Јанукович, кој беше соборен во февруари минатата година, по протестите кои се случуваа неколку месеци откако тој одби да воспостави поцврсти врски со Европската унија, а се доближи поблиску до Москва.

Киев и НАТО ја обвинија Русија за обезбедување на директна воена поддршка на проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина во кој од април се убиени повеќе од 5000 луѓе. Претседателот Петро Порошенко, минатиот месец наведе дека Украина ќе биде подготвена да влезе во НАТО за 5 до 6 години и предложи за тоа прашање да се одржи референдум.

XS
SM
MD
LG