Достапни линкови

Грција е подготвена да преговара за државниот долг


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека новата влада на Грција е подготвена за преговори со партнерите од Европската унија за проблемите со државниот долг на земјата.

Ципрас ова го соопшти на отворањето на првата седница на неговиот кабинет. Партијата од крајната левица Сириза победи на парламентарните избори во Грција на 25 јануари и формираше влада со десничарската партија Независни Грци.

Ципрас рече дека неговата влада е подготвена за преговори со партнерите од ЕУ за изнаоѓање на остварливо, праведно и заемно прифатливо решение на проблемот со државниот долг на Грција.

На првата седница на новата грчка Влада се очекува да биде разговарано за прашањата поврзани со прекинување на процесот на приватизација, враќање на работа на отпуштените државни службеници, финансиската ситуација во земјата, претстојните преговори со меѓународните партнери за проблемот со државниот долг, како и за обидите на ЕУ да ги игнорира позициите на Атина за санкциите кон Русија.

XS
SM
MD
LG