Достапни линкови

Пакистан го критикува нуклеарниот договор на Обама со Индија


Пакистан ги критикуваше договорите постигнати за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама во Њу Делхи, вклучително и напредокот на блокираниот цивилен договор за нуклеарна енергија.

Министерството за надворешни работи во Исламабад изјави дека имплементирањето на цивилниот нуклеарен договор од 2008 година „за политички и економски удобности ќе има штетно влијание“ врз стабилноста на нуклеарното одвраќање во Јужна Азија.

Пакистан исто така се спротистрави на американската поддршка за членството на Индија во Групата на нуклеарните снабдувачи, според план кој треба да го олободи Њу Делхи од некои правила за извоз во групата.

Мултинационалната група има цел да го намали ширењето на нуклеарното оружје преку контрола на извозот на нуклеарни материјали за земјите кои не го потпишале Договорот за неширење на нуклеарно оружје. Индија и Пакистан имаат нуклеарно оружје, но не се членки на Групата на нуклеарните снабдувачи.

XS
SM
MD
LG