Достапни линкови

logo-print

СОНК бара преговори со ресорните министерства


Советот на Синдикатот за образование, наука и култура СОНК, на синоќешната седница решил да достави уште едно барање до ресорните министерства за продолжување на преговорите, а доколку тоа не се случи до утре, да се усвојат нови мерки во врска со генералниот штрајк. Во соопштението се наведува дека на седницата била потврдена непоколебливоста во опстојувањето на генералниот штрајк, се додека не се дојде до взаемно прифатливи решенија по барањата. Членовите на Советот, како што се посочува, го пренесле ставот на членството кои штрајкуваат, дека се подготвени да го продолжат штрајкот, без разлика колку тој ќе трае се додека Владата не понуди решенија кои ќе бидат прифатливи.

XS
SM
MD
LG