Достапни линкови

Фридом хаус: вознемирувачки пад на слободите во светот


Организацијата за следење на демократијата во светот со седиште во Соединетите држави Фридом хаус соопшти дека во минатата година бил забележан „вознемирувачки“ пад на слободата. Најмалку слободна земја е Сирија, додека руската инвазија врз Украина е оценета како удар по демократијата. Во годишниот извештај, под наслов „Отфрлање на демократијата: Враќање на железната тупаница“ се додава дека зголемениот број терористички напади и интензивирањето на агресивните тактики што ги употребуваат авторитарните режими придонесле за пораст на презирањето на демократските стандарди во скоро сите региони во светот. „Прифаќањето на демократијата како светска доминантна форма на владеење и на меѓународниот систем изграден врз демократски идеали се под зголемена опасност во скоро сите сфери во изминатите 25 години“. Изјави потпретседателот на Фридом хаус Арч Падингтон.

XS
SM
MD
LG