Достапни линкови

Обама и Меркел за порастот на насилствата во Украина


Американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел телефонски разговарале за значителното интензивирање на насилствата во источна Украина. Белата куќа соопшти дека разговорот бил остварен при враќањето на претседателот Обама од престојот во Индија и Саудиска Арабија. Обама и Меркел се согласиле дека одговорност сноси и Русија поради нејзината поддршка на сепаратистите и неисполнувањето на обврските од мировниот договор. Тие постигнале согласност и за натамошната финансиска помош на Украина. Во изминативе недели проруските сепаратисти покренале серија нови офанзиви на границата меѓу Украина и Русија.

XS
SM
MD
LG