Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Преку денот ќе има услови за дожд и снег на пониските и на повисоките места, а на планините врнежите претежно ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од два до седум степени. Во Скопје ќе биде облачно со услови за слаб дожд и снег, особено во вечерните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до четири степени.

XS
SM
MD
LG