Достапни линкови

Украина бара посилни санкции против Русија


Украинскиот парламент ја усвои изјавата во која се наведува дека Русија е „држава агресор“. Со овој потег украинските пратеници се надеваат дека ќе го отвороат патот за казнување на Русија според меѓународното право. Парламентот денеска исто така гласаше да ја дефинира сепаратистичката самопрогласена „Народна Република“ во источниот дел на Доњецк и Луганск, како „терористичка организација“ и да апелира до меѓународната заедница за посилни санкции против Русија.

Пред гласањето лидерот на Радикалната партија, Олех Луашко, кој е член на владината коалиција, рече дека „правното признавање на држава агресор вклучува последици“, спред резолуциите и Повелбата на Обединетите нации. Во реакцијата на рускиот заменик министер за надворешни работи, изјавата ја нарече „бесмислена и неодговорна“ и додаде дека тоа е во насока на блокирање на напорите за ставање крај на конфликтот меѓу бунтовниците и владините сили, во кој од април минатата година загинаа повеќе од 5000 луѓе.

XS
SM
MD
LG