Достапни линкови

Десетици повредени во антивладините протести во Приштина


Во центарот на Приштина косовската полиција со солзавец и водени топови се обидува да ги растера антивладните демонстранти. Во протестите се повредени над 30 полицајци, а приведени се 27 луѓе. Демонстрантите фрлаат молотови коктели и камења врз полицајците.

Во инцидентите се оштетени возила и згради, а во Клиничкиот болнички центар во Приштина се примени 40 повредени лица, од кои 22 полицајци и 18 демонстранти, додека во Центарот за итна помош биле примени 35 повредени луѓе. Косовските медиуми јавуваат дека меѓу приведените бил и градоначалникот на Приштина и потпретседател на Движењето Самоопределување, Шпенд Ахмети, кој брзо бил ослободен.

XS
SM
MD
LG