Достапни линкови

Гаспром: Нов гасовод до Турција до 2016 година


Рускиот гасен гигант, Гаспром, вели дека гасоводот до Турција ќе биде функционален до крајот на 2016 година. Генералниот директор на Гаспром, Алексеј Милер, ова го соопшти денеска по посетата на Анкара. Тој рече дека двете страни се согласите „да ја организираат работата на начин на кој ќе им овозможи да потпишат меѓународен договор во вториот квартал од оваа година и да почнат да ја снабдуваат Турција со гас во декември 2016 година. Новиот гасовод кој ќе поминува низ Црното море ќе има годишен капацитет од 63 милијарди метри кубни гас.

XS
SM
MD
LG