Достапни линкови

Обама во посета на Саудиска Арабија


Претседателот на САД, Барак Обама, пристигна во Саудиска Арабија да оддаде почит кон кралското семејство по смртта на кралот Абдула.

Обама го скрати последниот ден од неговата посетата во Индија за да направи 4 часовна посета во Ријад. Пред да замине за Индија, во интервју за Си-Ен-Ен, Обама изјави дека Вашингтон мора да ја балансира неговата заложбата за човековите права во Саудиска Арабија со потребата за соработка со кралството во областа на безбедноста и против тероризмот.

Обама рече дека така ќе биде најефикасно да се примени „постојан и конзистентен притисок“ врз Саудиска Арабија во однос на човековите права, дури и ако САД соработува со Саудијците за да се заврши работата. Обама ќе го одржи својот прв формален состанок со новиот Крал Сулман бин Абдул – Азис Ал Суад, и потоа ќе присуствува на средба со други претставници на саудијските власти.

Државниот секретар, Џон Кери, ќе му се придружи на Обама во Ријад. Сенаторот Џон Меккејн, кој е републиканец од Аризона и чест критичар на недворешната политика на Обама, исто така е дел од делегацијата.

XS
SM
MD
LG