Достапни линкови

Oгромен број непродадени станови во Тетово


Бројот на новоизградени станови во Тетово во 2014 година е за три пати помал отколку во 2011 година.

Интензивното градење на станови кое беше карактеристика за изминатите неколку години во Тетово драстично се намалува. Статистичките податоци покажуваат дека во 2011 година просечно во еден месец се граделе близу 200 станови, но во текот на 2014 тој просек изнесува само 60.

Моќта на граѓаните е падната, еден млад човек нема моќ да го купи тој стан.
Имер Ферати, агенција за недвижности.

И во агенциите кои продаваат недвижности велат дека се бележи намалување на продажбата. Според Имер Ферати, слабата економска моќ на потенцијалните клиенти е една од причините во агенциите помалку да се бараат станови за купување.

„Моќта на граѓаните е падната, еден млад човек нема моќ да го купи тој стан, најмалку 30 квадрати, па му треба 20-25 илјади евра, на кој начин ќе го купи со 200 евра плата дали може да ги покрива трошоците 10-15 години“, вели Ферати.

Економски има оправдување бидејќи капиталот му стои во зграда, тој ги нема продадено, да го ослободи капиталот.
Салајдин Идризи, економски аналитичар.

Семејствата што имаат пари одамна го решиле станбеното прашање, а другите едноставно не можат да најдат толку средства. Во таа ситуација, фирмите кои градат не можат да продаваат станови и тука застанува циркулацијата на пари“, објаснува економскиот аналитичар Салајдин Идризи.

„Економски има оправдување бидејќи капиталот му стои во зграда, тој ги нема продадено, да го ослободи капиталот, па да повторно го инвестира. Затоа имаме застој“, вели Идризи.

Тој вели дека проблем за продавање се и голем број станови кои не се според сите стандарди. Таквите станови немаат паркинзи, дворови или се со мала површина на собите и ходниците. Овие станови се не се привлечни и за луѓето кои имаат доволно пари.

„Печалбарите секогаш сакаат да купат приватни куќи да има возилото каде да го стави. Во овие станови кои моментално се продаваат немаат каде. А такви станови кои ги исполнуваат условите ги нема во продажба“, вели Идризи.

Во Тетово, становите се продаваат од 400 до 800 евра за метар квадратен.

XS
SM
MD
LG