Достапни линкови

Полицијата употреби солзавец на протестите во Приштина


Полицијата во центарот на Приштина употреби солзавец да ги растера демонстрантите на протестот пред институциите, што го организираше косовската опозиција, предводена од страна на движењето „Самоопределување“.

Тие бараат смена на министерот за враќање и заедници, Александар Јаблановиќ. Владата не го разгледуваше, ниту го исполни ултиматумот од протестите за смена на Јаблановиќ. Косовската полиција ја обезбеди зградата на владата со метална ограда, каде се распоредени специјалните единици.

Демонстрантите и дадоа ултиматум на полицијата за 15 минути да ги тргне барикадите, а откако тоа не беше направено тие тргнаа накај полицијата која возврати со солзавец.

XS
SM
MD
LG