Достапни линкови

Македонија на 53 место во светот по економски слободи


Македонија е најдобра во регионот според индексот на економските слободи што заеднички го издаваат фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит журнал“. Македонија е во групата земји со економски „умерена слобода“, односно на 53 место во светот и на 24 место во Европа. Во извештајот се вели дека економската слобода во неколку земји од Балтикот, Кавказот, Балканот и Централна Азија, пораснаа во однос на Русија, по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Естонија беше рангирана на осмото место, што претставува највисоко рангирана поранешна советска република. Литванија е рангирана на 15, а Грузија на 22 место. Овие економии беа оценети како „главно слободни“. Во ранг листата на „умерено слободни“ економии се вклучени Летонија, која е на 37 место, Ерменија на 52, Македонија на 53 место, Романија 57, Казахстан 69, Киргистан 82, Азербејџан 85 и Србија на 90 место. Економијата на Русија беше оценета за „главно неслободна“, рангирана на 143 место од 178 земји.

XS
SM
MD
LG